Филмски семинар во чест на Андријана Цветковиќ на Којто Универзитетот, 6ти Септ (петок) 2013
На 6ти Септ, 2013 од 15:00 до18:00 часот во Шинран Салата во Кјото се прикажаа три краткометражни филма на режисерката Андријана Цветковиќ снимени во Јапонија, кои изминатиов Мај беа премиерно прикажани во Кинотеката на Македонија. Филмовите на Цветковиќ беа дел од еднодневниот филмски семинар наречен “Picturing Japan and the Japanese beyond Borders:The World of Three Global Visual Artists in Short Films”, кој Кјото Универзиетот, еден од највисокорангираните универзиети во Азија и во светот, го организира во нејзина чест.
Андријана Цветковиќ е филмски режисер и научник, специјалист по Јапонски и Азијски студии, која одлично го говори јапонскиот јазик. Таа е прв доктор на науки по филмска уметност во Република Македонија, а со докторатот се стекна на Универзитетот Нихон во Токио во 2009. Освен филмовите на Андријана на филмскиот семинар се прикажаа и филмови на двајца успешни режисери од Сингапур и Малезија Лим Ках Ваи и Едмун Јео, кои исто како и нашата режисерка се меѓу ретките странски режисери кои творат во Јапонија. После проекцијата следеше и дискусија со режисерите и професори од Кјото Универзитетот и Фукуока Универзитетот.
Андријана Цветковиќ во моментов е Визитин Професор на Кјото Универзиетот, Центарот за Азиски Студии, каде освен со предавањата е ангажирана и со истражувања на Источна Азија и моќтта на таканаречениот “soft power” или култоролошкиот аспект и влијанието кое поп-културата, филмот и телевизиските серии го имаат на глобалната политика во регионот.
Во изминативе неколку години Цветковиќ одржа серија предавања на Универзитетот за Аудиовизуелни Уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, каде е Визитинг Професор.
Taa e режисер е на околу триесетина краткометражни филмови, многу од кои повеќекратно наградувани на интернационални филмски фестивали. Андријана е и главен режисер на ТЕД говорите во Кјото за 2012 и 2013 година.